Кривично право
Кривичните постапки бараат навремена реакција, стручна подготовка и одлучно застапување. Обезбедуваме правна помош и застапување во сите фази на кривичната постапка - како браничи на обвинети лица, така и како полномошници на оштетени лица.
Нашето искуство опфаќа застапување во различни области на кривичното право, вклучително и предмети за измами, имотни деликти, стопански криминал, злоупотреба на службена положба, коруптивни кривични дела и други кривични постапки.
На оштетените лица им обезбедуваме правна поддршка во остварување на нивните права, застапување во текот на постапката и остварување надомест на материјална и нематеријална штета предизвикана со кривично дело.
Пристапот се темели на детална анализа на секој предмет, заштита на правата и интересите на клиентот и професионално застапување пред надлежните органи и судови.
Разговарајте со адвокат за вашиот случај.
Поврзани области
Надомест на штета и осигурување
Остварувањето на правото на надомест на штета по настаната незгода или повреда бара навремено, стручно и одлучно постапување.
Работни односи
Правна заштита и застапување во спорови од работен однос, со посебен фокус на незаконит престанок на работен однос.
Други правни услуги
Широк спектар на други правни услуги за физички и правни лица - советување, договори и застапување.
